Филип Петровски: Овој конгрес е компромитиран и наместен пред да почне

Некој упорно удира со главата во зид.
Таа глава одеше во зид и со уцените од Заев, Пржино, а и растурањето на коалицијата ВМРО-ДУИ…
Таа глава упорно си сака да си стави своја замена, или лидер марионета.
Со таква глава се сведовме на пајтон партија која нема демократски капацитет за да изгради методологија која ќе донесе обединување и победа…
СРАМНО Е веќе со калкулации, лаги и византиски игри, со глупирање на мистични и божемски интелегентни потези…
ГРЕОТА Е за нашите искрени членови кои треба да бидат декор за нечиви хирови.
До каде дојдовме, до кое дно..
Јас и многу други крваревме сите овие години за денес некој да не зеза дека не сме предложиле на време колективно претседателство на ЦК.
Кој да предложи, јас не бев повикан, а останатите кажаа дека не знаеле дека ќе се фаворизира Христијан, а и кажаа дека сугерирале неколку пати..
Се злоупотребуваат луѓе и се потценува членството кое секојдневно следи што се случува..
Јас ли го пратив Благоја (бивши шеф на кабинет на Ставревски) денес подсекретар да собира потписи за Христијан?
Јас ли го пратив Ефто?
Да не редам и други…
Да не се лажеме, Христијан од многу порано е протежиран за иден лидер од страна на Груевски, а поради бедни лични интереси, се друго е Фарса..
Човекот што според третиот ПИЛАР (Господе боже) требало да им се допаѓа на странците. Многу ВМРОВСКИ. Така и Тодор Александров размислуваше дали им се допаѓа во Софија, Белград и Атина. Исто и Делчев…
Како и да е, ќе продолжиме да се бориме со членовите за Македонија..
Мој став,
Овој конгрес е компромитиран и наместен пред да почне…
Се гледаме тука,
Фала за огромната подршка од сите членови..
Битката ќе продолжи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.