Филип Петровски: Партиите се извор на корупција

Не знам дали знаете дека партиите, можеби треба партии во наводници да ставам, оти се работи за приватни собири, дооели, и семејни игранки, земаат на ниво на година од буџетот околу 5 милиони евра. Во денари тоа е околу 300.000.000 денари ГОДИШНО.

Оваа сума ги прави овие приватни збирштини НАЈУСПЕШЕН БИЗНИС ВО МАКЕДОНИЈА. Имено, корона некорона кај нив си легнуваат овие баснословни суми. Како? Па така, се собраа во Парламентот сите, од сите страни и како пролетерите на сите земји си се здружија – за себе, а против народот. Ќе прашате како против народот? Е па народе вие ги давате тие 300 милиони денари од ваш џеб. За разно разни џаболебари кои висат по штабови и на „лидерите“ им тепаат т.е. им кажуваат колку се убави, високи, успешни спортисти и така натака. Ако не сте знаеле партиските функционери кои се во милост на „лидериштата“ земаат плата по околу 1.000 евра независно дали се на власт или во опозиција. Им се може. Народот плаќа. Па ако нема пари во буџетот се зема заем од странство кој што ќе го плаќаат и нашите деца. Но они ќе имаат плата, и тоа редовна. По 300.000.000 денари годишно. Без задршка, секако без милост кон вас. Оти не сте земале стапови. Овие пари за време на еден мандат стануваат неверојатни 1.200.000.000 денари. Појма немам колку школи, градинки. болници има во овие пари, но сигурно многу. И најмногу што иритира е што сите на очи и уши не прават будали, ретардирани. СДССМ викаат Мицковци нејќеле, а овие другиве викаат првиве лажеле. И така се направи ребаланс на Буџет ама нивните пари не ги пипнаа. Мора да течат платички, да има пари за скапите ескорти кои секогаш се при врвот и глумат експертки, секретарки, и помагачки. Се знае што навистина се – ЕСКОРТ. Платени од вас. Ако ви чини ок. Нека биде така. Нека остане така.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.