Филип Петровски: Политичкото подземје се обиде да ме убие!!

Филип Петровски се издвојува по своите радикални и десничарски ставови. Познат е по своите настапи во Собранието во 2001 години за време на војната. Исто така познат е како критичар на меките и либерални ставови на ДПМНЕ во време на промената на името и Уставот.

Некој од тоа се нашол за засегнат? Сега се применети методи кои се еднакви на Сицилијанските мафии или режимот на Северна Кореја…

Во вчерашната емисија Во Центар, поранешниот пратеник и лидер на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО ДПМНЕ, Филип Петровски кажа шокантни работи, дека имало три физички напади врз него, а последниот случај го дефинираше како обид за негова ликвидација или обид за негово убиство.

Третиот напад го карактеризирам како обид за убиство, а во најмала рака е напад со тешки телесни повреди. За тоа имам обезбедено медицинска документација и случајот е заведен во полиција. Меѓутоа каде е заведен и како е работен случајот јас нема да кажам, вели тој и додава:

Случајот е одобрен од обвинител и сега ќе побарам обидот за убиство врз мене да биде процесуиран со целосна сериозност од државата, бидејќи ниту на некого нешто должам, ниту сум поврзан со подземје, само кажувам политички ставови.

Има неколку сведоци на тој настан кој јас го сметам за обид за убиство, а јас знам дека напаѓачот е полицаец, знам дека припаѓа на елитните единици, и тој и другиот напаѓач кој беше негов контролор и помагач, ќе го препознаам и ќе го најдам. Но не е моја работа јас да го најдам, треба да го најде државата, вели Петровски.

Јас имав среќа кога ме удри во главата од позади со мене имаше уште една личност која ме предупреди и тоа ми овозможи да реагирам и нападот да не заврши со фатални последици како со случајот со Мартин Нешковски кој исто така беше удрен од специјалец, тврди Петровски.

Според Петровски, настанот се случи во јули во близината на супер маркетот на Веро во Тафталиџе каде што во близината има повеќе од 50 камери кои можеле да снимаат целиот случај. Немилиот настан се случува некаде околу полноќ на крајот од јули оваа година.

Напаѓачите ме чекаа половина час и стоеја до мојот автомобил. Има снимки, еден куп цедиња, јас ги видов снимките. Оваа држава има начин според снимките да најде кои се напаѓачите кога сака тоа да го направи, како што беше случајот со 27 април 2017 година. Мене автомобилот ми е паркиран кај Веро каде што има камери и каде што беа двајцата напаѓачи. Јас пешки одев од центар кон мојот автомобил со уште една личност. Улицата беше осветлена. Луѓето кои во полиција кои го истражуваат случајот ми кажаа дека двајцата напаѓачи доаѓаат до мојот автомобил половина час пред јас да се појавам. И стојат точно во аголот каде камерата не може да ги сними целосно, освен нивните нозе.

Пет минути пред да дојдам доаѓаат точно до мојот автомобил и во тоа нивно движење има простор каде тие целосно можат да се видат на видеата, но тој дел во снимките го нема. Објаснувањето што ми е дадено, кое јас не го прифаќам, е дека при преносот од хардискот на цеде се случило да се компресира видеото и да го нема тој дел. Јас мислам дека се работи за обид за покривање на полицаец, тврди Петровски.

Ова е сериозно обвинување од моја страна, вели тој, има обвинител кој работи на случајот, човекот лесно може да се открие по тетоважите, а висок е како киклоп. Човекот кој беше со мене тргна да му ја симне маската и тој тогаш почнува да бега бидејќи знае ако има случај и ако го идентификуваме за тешка телесна повреда казната е пет години затвор. Врз мене беше извршен обид за убиство, категоричен е Филип.

 

Во изминатите години имаше уште два напади врз мене, објаснува Петровски. Првиот беше од член на ВМРО ДПМНЕ, кој самиот кажува дека нарачката да ме нападне е лично од Христијан Мицкоски. Тоа се случи вториот ден на протестите во врска со потпишувањето на Преспанскиот договор. Јас се сретнав со тој човек, ме поврза Ивица Коневски, а и вие како новинар знаете дека тој човек сакаше тоа да го каже пред камери. Тоа беше првиот физички напад врза мене. Како што самиот ми се довери, му беше кажано по секоја цена да ме нападне и да ме тргне од бината.

Потоа имаше уште еден напад, исто така летото оваа година, кога на прослава на раѓањето на дете на еден пријател во Дебар маало човек со качулка ме удри во главата. Тој случај не го пријавив во полиција, бидејќи чекав да видам кој ќе го објави, бидејќи на настанот имаше луѓе кои беа “контролори” на Мицкоски и тоа се објави во Инфомакс, заклучи Филип Петровски во интервјуто за емисијата Во Центар.

Извор: ВО ЦЕНТАР

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.