Филип Петровски: После Стража има 100 знамиња од кои ниту едно македонско, едно албанско да пипнеме ќе падне владата

Филип Петровски: После Стража има 100 знамиња од кои ниту едно македонско, едно албанско да пипнеме ќе падне владата

После Стража има 100 знамиња и нема ниту едно македонско. Едно знаме албанско да им пипнеме ќе падне Владата. Да ти стават албанско знаме на понисок јарбол од македонското, тоа нема да го видиме. Државното знаме треба да биде повисоко од знамињата на заедниците. Тоа значи дека треба македонците треба да си го дигнеме на јарболи бидејќи е знаме на сите македонци, ако албанците имаат знаме на својата националност. Имаме државно знаме и имаме знаме 16 крако сонце, вели Филип Петровски во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

16 кракото сонце не може да биде земено како национален бидејќи оспорен. Јас се што барам е македонското знаме да се вее таму каде што треба и е потребно, вели неговиот соговорник Павле Богоевски.

Се знае што е државно знаме, а што е знаме на етникум. Овде кај нас тоа не се спроведува. Нема ниту да се спроведе. Пет години од сега, кога сакате, нема да се спроведе, освен да е силна државата. А ние не сме силни. Тоа го знаат оние кои ги дигаат овие албански знамиња кои никој не смее да ги пипне, додава Петровски.

Зборуваќи за македонско бугарските односи, Павле Богоевски вели дека очекува уште испади од Бугарија во однос на преговорите.

Ние треба да сме подготвени за вакви удари од Бугарија. Ме радува тоа што ова писмо од Бугарија не наиде на поддршка, досега на меѓународно ниво сме реагирале како дете во училиште кое е закачено од другарите. Владата рече овде нема да имаме реални последици. Не ја потценувам сериозноста на ситуацијата и однесувањето на Бугарија, но сметам дека тоа нема да направи крупн промени, рече Богоевски.

Филип Петровски пак рече дека ова што се случува со Бугарија е бидејќи има реална закана по владата на Бојко Борисов.

Зборувајќи за домашните теми, како и за тоа дали ќе има правда во Македонија, Богоевски рече дека е премногу рано да се каже дека е конечно постигната правдата.

Паралелно со тоа мораме да видиме поголема борба против корупцијата, ако целта за правдата од 2016 година е да ги видиме овие луѓе од ВМРО-ДПМНЕ да одговараат за своите дела, тогаш сега целта е да ги видиме овие но и сите останати кои можеби се огрешиле пред законите по владеењето на Груевски, рече тој.

Петровски пак рече дека не може да кажеме дека правдата е дојдена а како пример за тоа го наведе ДУИ. Не сум сигурен дека можеме да збориме дека завладеало правото, можеби во одредени насоки и предмети. Има структури кои се имуни на прогон. 19 години не сме виделе функционер да биде изложен на правда. Сите добро знаеме дека правдата се злоупотребува, еве ви пример со Мавровка, не можеше да се пронајде кој гради во центарот на Скопје и тоа долго време. Добро е да се процесуираат политички фигури кои се огрешиле пред законот. Имам сомнеж дека судиите во Македонија делат правда. Има судии кои се поткупливи, судии кои судат споро, не зборам само за овие пресуди од сега, туку генерално, судии кои можат да преиначат пресуда, да ја стават во фиока, да застари пресудата итн итн…

Според Петровски граѓаните немаат доверба во судството и смета дека е потребно итно реформирање на судството со цел граѓаните да веруваат дека принципот на судење ќе важи еднакво за сите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.