На 14ти јануари, скоро пред цела година дена Филип Петровски дал визија за работите во ВМРО-ДПМНЕ. Сега кога се чита овој статус може да се забележи дека над 90 проценти е погоден прецизно. Прегледајте го и вие, па донесете си заклучок сами. Можеби требаше вака да се тераат работите…
Мојот Извршен комитет може да биде само ваков: 1.Владо Јовановски, 2. Дурловски, 3. Дамовски, 4. Митко Чавков, 5. Сашо Василевски, 6. Љубен Арнаудов, 7. Секако ЧЕНТО 8. Сигурно ЈОХАН, Змејко…
И, сите останати македонски патриоти што лежат во црни зандани за Македонија..
А, додека се во БЕАЗ КУЛЕ како некогаш ШАТЕВ, на нивните места во Извршниот Комитет ќе седат од нив делегирани претставници…
Тоа е демонстрација на единство и искрена желба, а не празни флоскули и памфлети.
Секако дека моите први средби, ниту би биле први со Заев, ниту би биле тајни, поготово не со странска агентура и не би го влечел со мене она наконтено апаратчиче на УМС (никогаш како вака младите не биле против нас),
Мојата прва средба ќе биде со семејствата на притворените, а втората средба со Иванов за да му кажам дека ќе ја блокирам цела Македонија со се неговата резиденција на Водно ако наредниот ден не ги амнестира или аболицира сите кои влегоа во парламентот заради Македонија..
И, секако дека тие прекрасни умови како што се Милошовски, Илија, Димитриев и др. би ги задржал во ИК ако веќе подавам рака на единство и сплотеност..
Вака изјавите на Мицковски ми личат на изјавите на Заев, едно збори си пред камери, друго прави си во реалноста.
Инаку Дурловски, Владо би ги ставил подпретседател на партија, за да може и светот да види дека втор човек на најголемата партија и патриот лежи во зандани од Хунтата..
А Ченто генерален секретар. Е тоа е ВМРО на членството, на патриотите и на почитичката емиграција од целиот свет.
Тоа е ВМРО на сите МАКЕДОНЦИ. Тоа е ВМРО кое може да ја спаси МАКЕДОНИЈА.