Филип Петровски: Прекројувањето на изборната единица 6 е понатамошна мајоризација врз Македонците

Наместо да се донесе нов изборен модел, добивме прочистување на изборната единица 6, поточно кажано ПРОЧИСТУВАЊЕ ОД МАКЕДОНЦИТЕ. Со ваквото прекројување, кои „малку“ како да беше покриено или подзаскриено и од „левите“ и од „десните“ медиуми, се овозможува понатамошно „ослободување“ на делови од Западна Македонија од Македонци. Или ако сакате, понатамошно прецизно исцртување на Голема Албанија.
Во овој процес на чистење се консистентни сите албански партии, додека „нашиве“ исто така, за да бидат на власт или за да дојдат на власт се консистенто сервилни. Во таа смисла никако не можам да разберам да кракаат од кај Мицко за Мизрахи (што е исправно, поради нејзините тврди македонски ставови!!), а истовремено во рани утрински часови да ги прекројат границите на 6 изборна единица со гласовите на над 10 пратеници на ДПМНЕ
ЗА гласале 70 души, од кои 13 мициња:
Антонијо Милошоски
Благица Ласковска
Влатко Ѓорчев
Весна Пемова
Драган Данев
Ѓоко Камчев
Емилија Трајковска
Жаклина Пешевска
Иван Иванов
Лилјана Затуроска
Никола Мицевски
Слаѓана Митовска
Трајко Вељановски

До сега не слушнав нити оградување, нити објаснување зошто ова го направија овие пратеници. Без нив немаше да се донесе измената на границите, односно немаше доволно гласови. Оваа трговија е понатамошно забивање на нож во срцето на Македонија.
Уште нешто, Министерството за Култура финансира книга во која Македонија е претставена како Источна Албанија. Нешто не слушам реакции, нити пресови гледам. Ќе си одмолчат ли партиите кои се тргнати во лов на вашите гласови? Фотељите над се, така?

Повеќе за ставовите на д-р Филип Петровски ТУКА
Сајтот на д-р Филип Петровски ТУКА
Биографија на д-р Филип Петровски ТУКА
Сите текстови на Филип Петровски на нашиот сајт ТУКА
Линкови до книгите, трудовите и публикациите на д-р Филип Петровски во Вашингтонската конгресна библиотека ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.