Филип Петровски: Прилози кон кампањата. Согледби од друг агол!

#Сподели #Критикувај #СобориГиЛажнитеАргументиНаОвој #ШтоЛажеБеСегаОвој #ПакЛиЌеЈаНапаѓаГогичка
<<<Прилози кон кампањата. Согледби од друг агол…>>>
Кампањата денеска започна. Три кандидати за СЕВЕРНА, ниту еден за Македонија. Забрзано, пред наши очи, со помош на КОРУМПИРАНТИ ПОЛИТИЧКИ ЕЛИТИ исчезнува една реалност, а се создава нова. Ќе речете претерувам. Ок, валиден аргумент за напад. Бидејќи сум емотивно и лично инволвиран. Но, дозволете барем да дадам аргументација за моите ставови? Може? Ок, благодарам.
На пример, сметам дека е добро секој мој став да се оспори. Цврсто. Нема зошто да се прифаќа ништо однапред или априори како вистина. Нели? Карактеристика на интелектот е токму тоа, да оспори и преиспита секој став, тврдење, позиција, теза или хипотеза.
Создавањето на новата СЕВЕРНА РЕАЛНОСТ го темелам на следново. Прво да си одговориме дали има макар еден кандидат кој што јасно изјавува дека ќе го оспори ПРЕСПАНСКИОТ СМРТЕН ДОГОВОР ЗА МАКЕДОНИЈА? Ако има ве молам во контрааргументација да ми го предочите. Дали денеска кога се отвори кампањата слушнавте било кој од кандидатите да рече името е сменето мимо волјата на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и јасните резултати на референдумот и поради тоа јас како кандидат имам обврска тоа да го вратам назад!?
Има ли таков кандидат? Да не ми промакнало нешто? Можно е… Премногу информации…
Второ, има ли кандидат меѓу „македонските„ (ако има такви) кој денеска не се согласи со вештачката ДВОЈАЗИЧНОСТ? Дајте ве молам увредете ме, омаловажете ме и кажете дека не сум доволно информиран и дека на митинзите денеска се говорело на големо за укинување на ДВОЈАЗИЧНОСТА? Онаа насилно наметната двојазичност, за која што нема никаква оправданост ни низ бројки ни низ историски факти и аргументација. Да, да за таа ДВОЈАЗИЧНОСТ говорам. А говореа ли денеска кандидатите за Претседател на СЕВЕРНА за истата? Има ли барем еден што рече дека ќе биде негово политичко кредо да ја укине истата? Кој?
Натаму, има ли некој кандидат да спомене дека од Преамбулата беа избришани АСНОМ и АСНОМските принципи според кои е создадена МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА? И дека ќе ги врати назад? Односно дека е спремен да го жртвува животот за овие живототворни принципи на МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА?
Додека „овој“ што тука пишува ви беше крив „другари“ пред нос Македонија ви стана СЕВЕРНА и ви стана ДВОЈАЗИЧНА. Прашање што притоа се поставува, а е повеќе од легитимно е што од ова беше однапред договорено? Јас ќе бидам дрзок и ќе кажам – СЕ!!
*************************************************************
п.с. Екологијата ќе биде еден од моите врвни приоритети. – најави Силјановска.
п.п.с. Пред присутните, претседателскиот кандидат Блерим Река рече дека од Скопје на Хасан Приштина и Мајка Тереза ја пишуваат новата историја за Република…
п.п.п.с. за Стево и немам што да цитирам бидејќи е чист #МачурискиКандидат. Не дека и другите не се…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.