Кратко законско решение за измени на Кривичен законик, со кои треба да се отстранат штетните последици од измените донесени во 2023 година, најави наскоро министерот за правда Игор Филков.
Во интервју за Плусинфо вели дека она што е клучно е да се обезбеди јасна и прецизна дефиниција, која не само што ќе ја одреди злоупотребата на службената положба, туку и ќе ги минимизира ризиците за нејзината злоупотреба за политички или други неосновани цели.
Со измените се планира зголемување на казните за „Злоупотреба на службена положба и овластувања“ и проширување на опфатот на кривичните дела за проширената конфискација, како и вградување на нови кривични дела како резултат на современото општество и технологија.
Во однос на новиот Кривичен законик, Филков очекува тој да биде донесен во 2025 година.