Филков се потпиша во книгата на жалост: Правда ќе има

Изразувам длабоко сочувство за трагично загубените млади животи во Кочани. Оваа несреќа нè потресе сите, оставајќи неизмерна болка и тага, објави на Фејсбук министерот за правда Игор Филков.

– На повредените, кои се згрижени во болниците во земјата и надвор од неа, им посакувам брзо и целосно закрепнување.

До граѓаните упатувам јасна порака – одговорност ќе има, а правдата ќе биде задоволена!

Министерството за правда и јас, како министер, ќе направиме сè што е во наша надлежност за да се осигураме дека вистината ќе излезе на виделина, а одговорните ќе сносат последици!

Правда ќе има! – напиша Филков.

Пронајдете не на следниве мрежи: