Филмови со ексцентрична содржина

Не е едноставно да се биде различен помеѓу толпата типизирани ликови во една средина. Секој човек повеќе или помалку со себе носи товари и тајни од минатото, но карактерот и стабилноста на психата се суштински за одржување на балансот. Но кога навистина линијата на здравиот разум се смета за прескокната? Како во реалниот живот, така и во филмовите сложените ликови „живеат“ прилично ексцентрични приказни… За вас издвоивме седум филмови кои откако ќе ги погледнете, ќе останат со вас подолго време…
1. Disco Pigs (2001)
Родени во ист ден, во иста болница, живеат во куќи една до друга. Не се брат и сестра, но израснуваат со исклучителна блискост како да се близаци. Сложени, невообичаени, ексцентрични, со свој „свет“ и „јазик“ Пиг и Рант си се доволни самите… Околу нивниот свет има трнлива ограда, која во очи на нивниот 17-ти роденден само еден од нив ќе е способен да ја прескокне и преживее. Што ќе се случи со оној кој не сака да ја прескокне оградата? Како ќе продолжи неговиот живот? Дали ќе продолжи? Оваа уникатна драма можеби за момент ќе ве збуни, но никако нема да ве остави рамнодушни…
 
2. Safety Not Guaranteed (2012)
Кенет верува дека гради временска машина. Во весник објавува оглас со кој бара партнер кој ќе му биде од доверба. Дариус е млада новинарка/практикантка која со своите колеги оди на терен за да ја истражи приказната на Кенет. Тој е сложена личност, можеби параноичен, можеби гениј…Додека, пак, Дариус е аутсајдер… и една од ретките која ја стекнува неговата доверба. Како што тие се зближуваат и дознаваат еден за друг, станува се' помалку јасно дали Кенет е едноставно луд или навистина ќе успее да се врати во времето…
 
3. Ruby Sparks (2012)
 Калвин напишал успешна книга на свои 19 години. Сите го сметаат за гениј, и во секој момент очекуваат повторно да изненади. Но 10 години по издавањето на првата книга, тој сеуште е блокиран и неможе да напише ништо. Откако ќе се разбуди по еден прекрасен сон, почнува да пишува за Руби, девојката од сонот. Утредента не може да им поверува на своите очи – Руби станува вистинска, живее со него, навистина му е девојка и имаат прекрасна врска. Проблемот е во тоа што тој ја има моќта да ја менува Руби со своето пишување… што доведува до бизарно заплеткана приказна…
 
4. Defendor (2009)
Артур Попингтон – тивок и чесен градежен работник дење, суперхерој ноќе. Навидум со пречки во менталниот развој, но сепак исклучително интелигентен . На свој уникатен начин, со една единствена моќ: храброста, овој херој инкогнито се бори против злото и подземните кругови заштитувајќи ги невините…
 
 
5. King of California (2007)
 Нестабилен, несериозен, сонувач… за Чарли менталната институција е втор дом. Неговата малолетна ќерка мора да го напушти училиштето и да се вработи за да преживее, бидејќи Чарли одамна го заборавил значењето на татковството. Откако ќе биде пуштен на слобода, веднаш влегува во акција – да го пронајде закопаното богатство што Шпанските освојувачи го оставиле кога стасале до Калифорнија. Дали богатството за кое читал додека бил затворен навистина постои и до кои размери ќе се жртвува ќерката за да ги исполни лудите идеи на својот татко…?
 
6. Single White Female (1992)
 Хедра е пријатна, нормална, комуникативна девојка и единствената кандидатка која одговара за цимерка на Алисон која штотуку ја прекинува свршувачката и останува сама. Но, како проаѓа времето таа станува чудна, непредвидлива, застрашувачка… По низа чудни постапки, Хедра станува копија на Алисон. Која е всушност Хедра и дали е тоа нејзиното вистинско име? Каква траума од минатото крие оваа личност, и што ќе направи за да остане со Алисон засекогаш…?
 
 7. Disturbia (2007)
Татко му ќе почине во сообраќајна несреќа, а тој е уапсен за напад на професор и е во домашен притвор. Кајл најпрво се досадува, а потоа со својот двоглед започнува да ги набљудува соседите. Една вечер забележува сомнителни случувања кај еден сосед, кои наликуваат на убиство. Опседнат со идеата да ја открие вистината, дознава повеќе отколку што е потребно… Кој кого набљудува сега?
 
Автор: ЈелНе е едноставно да се биде различен помеѓу толпата типизирани ликови во една средина. Секој човек повеќе или помалку с

Пронајдете не на следниве мрежи: