Филмот за ресторанот во кој клиентите мора да ги убијат животните кои сакаат да ги јадат го шокираше светот

“Casa De Carne” е краток филм на Дастин Браун, за кој вели дека е филм за тешките одлуки и скриените вистини.
Приказната е сместена во не толку далечна иднина, во која главниот лик заминува со пријателите на вечера, не знаејќи дека за тоа ќе мора да го убие животното кое ќе го јаде.

Филмот ја освои првата награда на овогодишниот “Animal Film Festival”, а се однесува на тема која сѐ почесто се провлекува низ денешните медиуми. Многу вегани и вегетаријанци се прашуваат дали луѓето полесно ќе ги отфрлат старите навики и месото од својата исхрана кога би се довеле во ваква ситуација. Што мислите вие? Дали на луѓето би им било потешко кога би морале да го убијат “парчето месо” кое сакаат да го изедат?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.