Филмот по видеоигра постави рекорд за најголема заработка во првиот викенд

Филмот базиран на популарната видеоигра “Minecraft” оствари значителен успех на кино-благајните, заработувајќи над 300 милиони долари на светско ниво само во првичниот викенд по премиерата. Со овој резултат, “Minecraft” филмот успеа да запише историски резултат како најуспешна филмска адаптација на видеоигра според заработката во првите денови, надминувајќи го хитот “Super Mario Bros” од 2023 година, кој за истиот период оствари приходи од 204 милиони долари. И покрај бројни одложувања, филмот конечно стигна во кино на минатиот петок, што резултираше со масовен интерес од публиката, претворајќи ја премиерата во најзначајната во 2025 година, а воедно и најуспешниот наслов на “Warner Bros” од 2023 година па наваму.
Реакциите се разнообразни. Додека публиката е ентузијастична, критичарите се поделените во своите мислења – филмот моментално има само 47% на платформата “Rotten Tomatoes”. Според “BBC”, “Telegraph” му доделила две ѕвезди, а “Guardian” уште помалку – само една, истакнувајќи дека изгледа како да е снимен во брзина. Но, тоа не ги спречи семејствата и децата да ги исполнуваат кината. Според податоците на “EntTelligence”, дошло до тоа четвртина од публиката да се состои од деца под 13 години, а повеќе од половина од гледачите биле мажи.
The post Филмот по видеоигра постави рекорд за најголема заработка во првиот викенд appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: