Филмот „Jurassicc Park 4″ ќе го режира Колин Тревороу

Дојденецот во Холивуд, Колин Тревороу, ќе го режира долго очекуваниот филм „Jurassicc Park 4″, објави студиото Universal Pictures.

 Од студиото известија и дека Стивен Спилберг, кој ги режираше првите два филма од оваа светска франшиза којашто чини 1,9 милијарди американски долари, ќе биде извршен продуцент на „Jurassicc Park 4″.
Триесет ишестгодишниот Колин Тревороу е малку познат во Холивуд. Тој го режираше независниот филм „Safety Not Guaranteed”, комедија во којашто настапи Марк Даплас во улогата на ексцентричен изумувач кој се обидува да патува назад во времето, која беше прикажана на фестивалот Санденс 2012-та, а пред тоа има работено на еден телевизиски филм и на документарец. Обреј Плаза и Џејк Џонсон, коишто исто така настапија во филмот на Тревороу, ги добија признанијата за најдобро дебитантско сценарио и номинацијата за најдобро деби Independent Spirit Awards.
Од филмските студија Universal Pictures, исто така, беше соопштено дека филмот „Jurassic Park 4″ ќе биде во 3Д формат, но не наведоа кога тој ќе се појави во кината. Според некои американски медиуми, реализацијата на филмот ќе започне во април, на дваесетгодишнината од почетокот на франшизата.
Уште во 2011 година, Стивен Спилберг најави дека се развива проектот „Паркот Јура 4″ што наиде на задоволство на љубителите на оваа франшиза кои чекаат 13 години на новото продолжение од хитот на големите екрани.
Од Universal не дадоа други детали околу проектот и за екипата којашто ќе работи на него, но се шпекулира дека зад сценариото ќе се потпишат авторите на „Rise of the Planet of the Apes”, Рик Јафа и Аманда Силвер.
Филмовите „Jurassic Park” и „The Lost World Jurassic Park” во режија на Спилберг заработија 914,7 милиони долари, односно 618,6 милиони долари, од нивното прикажување во 1993, односно 1997 година. Филмот „Jurassic Park III”, режиран од Џо Џонстон, кој во кината се појави во 2001 година, на глобалниот филмски пазар заработи 368 милиони долари, со што не успеа да ги следи своите два претходника.
 
Дојденецот во Холивуд, Колин Тревороу, ќе го режира долго очекуваниот филм „Jurassicc Pa

Пронајдете не на следниве мрежи: