Грабеж како оние во акционите филмови се случи во понеделник вечер на писта на аеродромот во Брисел, во кој крадците за само три минути, без истрелан куршум, украле авионска пратка полна со дијаманти, злато и накит.
Грабежот се случил меѓу 19:47 и 20 часот на аеродромот Завантем во Брисел, јавува Газет ван Антверпен.
Крадците во два автомобила се пробиле на пистата до авионот на компанијата „Свис” и со закана на огнено оружје украле пратка дијаманти, злато и накит на компанијата „Brink's Diamond & Jewelry”.
Спектакуларниот грабеж траел три минути и тоа без истрелан куршум и без повредени. Вредноста на украдената стока е огромна.
Полицијата по грабежот во близина на аеродромот пронашла едно од возилата на крадците, кое било запалено.
Макфакс
Грабеж како оние во акционите филмови се случи во понеделник вечер на писта на аеродромот во Б