Филмски грабеж на банка во Скопје

Денес околу 13:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во банка на улица „Јадранска Магистрала“ непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума на пари, информираат од МВР. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.
Маскирани вооружени разбојници пред околу два часа ја ограбиле екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово. Според првичните информации пет маскирани вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените. Со вперени “калашникови“ ги принудиле да легнат на подот и одзеле непозната сума на пари.
По филмскиот грабеж разбојниците избегале од банката со истиот автомобил со кој и дошле.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи: