Филмски грабеж на патарина кај Глумово – вработените држени во заложништо

Во четири часот утринава била ограбена наплатната рампа кај Глумово. Курир објави дека две наоружани лица со фантомки на главата извршиле грабеж на патарината и ги држеле вработените во заложништво. Според порталот во овие насилни моменти еден од вооружените крадци ги стопирал возилата кои се обраќаат на таа линија, а другиот со вперен пиштол кон главата на вработените барал пари.


Насилничката драма не запрела тука, крадците започнале и да ги кршат и вратите на кабините во кои биле вработените за да и од таму земат пари.
По грабежот тие се качиле на мотор кој бил паркиран и избегале во правец на Скопје.
Вработените потресени и револтирани бараат надлежните да преземат нешто за поголема безбедност на нив и нивните животи, а досега никој не ги заштитувал и обезбедувал вработените.
Случајот е пријавен во полиција, а направен е и увид на местото.

Извор: Курир

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.