Во Собранието по двочасовната средба, финален позитивен исход нема од Заев- Ахмети. Тие не успеаја да се договорат за новото парламентарно мнозинство и за тоа како ќе изгледа владата.
По завршувањето на средбата претседателот на СДСМ, Зоран Заев изјавти дека до петок, кога истекува рокот за доделување на мандатот ќе го добие мандатот и ќе формира мнозинство.
Новинарите го прашаа Али Ахмети дали албанец Премиер е главна пречка за неуспешната средба , на што тој одговори:”- Јас сметам колку што сме блиску , толку сме и далеку , но сепак сите страни треба да ги имаат во превид големите интереси на државата”.
Роковите течат, петок е крајниот рок кога ќе биде доделен мандатот за состав на новата Влада.
Кој ќе состави парламентарно мнозинство , дали ќе се испочитува крајниот рок допрва ќе видиме до крајот на оваа недела.