Финансии исплатија 14,3 милиони евра преку мерката „14.500 денари по вработен”
Со оваа мерка се смете декс ќе се зачуваат работните места во фирмите погодени од Ковид-19 кризата, а воедно и ќе се помогне и стопанството да ја одржи ликвидноста, наведува Ангеловска.
Со мерката 14.500 денари по вработен вчера се исплатени се над 14,3 милиони евра на 10.103 фирми, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.
- УЈП во овој случај ги доставуваше барањата до Генералниот секретаријат на Владата, кој потоа префрли средства до компаниите. Забрзано се работи кон сервисирање на сите одобрени апликации. Преку оваа мерка ќе се зачуваат работните места во фирмите погодени од Ковид-19 кризата, а воедно ликвидносно ќе се помогне и стопанството, наведува Ангеловска.