Финансискиот сектор поттикна раст на европските берзи

Европските берзански индекси скокнаа во вторникот, поттикнати од финансиските акции и очекувањата дека централните банки ќе ги задржат стимулативните мерки за поттик на глобалната економија.

Лондонски FTSE порасна за 0,83 отсто на 6.398 поени, франкфуртски DAX  за 1,63 отсто на 7.817 поени, додека париски CAC беше во плус за 1,25 отсто и изнесуваше 3.756 поени. Меѓу добитниците денеска се издвои финансискиот сектор, поттикнат со рекордната добивка на британската банка Standard Chartered, која скокна за 2,8 отсто по објавата на деловниот извештај.  „Standard Chartered и неговиот конкурент HSBC имаа исклучително силни франшизи“, рече Цирил Урфер од швајцарската банка Gonet.Тој очекува пазарите на хартии од вредност во наредниот период да бидат поттикнати од плановите на американски Фед и Европската централна банка за вбризгување на свежа ликвидност поради поддршка на економијата.Акциите на компаниите во моментот нудат подобри приноси од готовината или државните обврзници, чии приноси ја одразуваат одлуката на најголемите централни банки да ги држат каматите на рекордно ниско ниво.
Makфакс
Европските берзански индекси скокнаа во вторникот, поттикнати од финансиските акции и очекувањата дека централните банки ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: