Турција конечно ја одобри апликацијата на Финска за приклучување кон НАТО, ставајќи крај на неколкумесечните одложувања, но во исто време продолжи да ја блокира Шведска да се приклучи на воената алијанса.
Турскиот парламент во четвртокот едногласно гласаше за членство на Финска, отстранувајќи ја последната пречка во процесот на пристапување.
Гласањето е исполнување на „ветувањето“ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе и дозволи на Финска да се приклучи на одбранбениот сојуз, пренесува Си-Ен-Ен.
Ова го објави и Јенс Столтенберг на Твитер.
Турција беше последната од 30-те членки на НАТО што го одобри членството на Финска, додека Унгарија тоа го направи дури во понеделникот.
Пронајдете не на следниве мрежи: