Инструкторката на крајот додала дека со изградба на мускулната маса ја зголемуваме силата, го намалуваме ризикот од повреди и го обликуваме телото.
Дали некогаш сте се запрашале како точно изгледа човечкиот мускул, а како мастите кои се складираат во телото? Фитнес инструкторката Отом Калабрис решила да се позанимава со оваа тема и да им укаже на луѓето на огромната разлика помеѓу мускулите и мастите.
Иако е познато дека пет килограми мускули е подеднакво тешко како и пет килограми маснотии, постојат извесни разлики кои се покажани токму на оваа фотографија.
Имено, мускулите се многу погусти и заземаат помалку простор во телото додека мастите се повеќе распространети.
“Погледнете како мускулот е рамен, компактен и мазен. Сега погледнете ги маснотиите – гломазни, распространети и грди. Кога напорно тренираме и правилно се храниме, ние согоруваме масти и градиме мускули. Затоа е толку важно да се постигне повеќе од само оптималната бројка на вагата”, напишала Калабрис во описот.