Челниците на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), на состанокот со преставниците на Интерпол, побарале построги закони за оние кои учествуваат во лажирање на натпревари.Директорот за безбедност на ФИФА, Ралф Мучке, истакнал дека во сите држави треба да се почитуваат законите против корупција во фудбалот.Повод за состанокот била неодамна откриената криминалната група, која наместила повеќе од 700 натпревари ширум светот.„Им изрекуваме доживотни суспензии на играчите и судиите, а криминалците и понатаму се на слобода и не се казнуваат“, рекол Мучке коментирајќи го неодамнешното одбивање на Сингапур да го уапси главниот осомничен за лажирањето на натпреварите.„Мораме да ги убедиме владите на сите држави да донесат нови закони. Многу држави немаат закони со кои би можеле да се борат против лажирањето на натпревари“, рекол Мучке.Според податоците на Европската полиција – Европол, околу 380 од 700-те натпревари кои биле наместени се идентификувани во Европа, а центарот на операцијата бил во Сингапур.Сингапурската полиција бара поцврсти докази за да може да покрене постапка против извесниот Дан Тан Сит Енг, чие име со споменува во истрагите на полициите во неколку држави.
МакфаксЧелниците на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), на состанокот со преставниците на Интерпол, побарале пос