Словачкиот премиер Роберт Фицо вели дека Украина нема да биде поканета за членство во НАТО.
Тој оцени дека конфликтот во Украина е „западна авантура“ која ќе заврши со територијални загуби за Киев и дека продолжувањето на војната не е во интерес на земјата.
Фицо додаде дека Словачка, додека тој е премиер, нема да ја поддржи Украинската кандидатура за членство во воената алијанса.
Истовремено, тој истакна дека Европската Унија ќе ги засили напорите за прием на Украина, но нагласи дека Србија е најподготвена за членство меѓу кандидатите.