Фич и Стандард и Пурс го потврдија кредитниот рејтинг на земјава

Фич и Стандард и Пурс го потврдија кредитниот рејтинг на земјава

Кредитните агенции „Фич“ и „Стандард и Пурс“ го потврдија уште еднаш кредтниот рејтин на Република Северна Македонија. „Фич“ ја оценува земјава со ББ+, но сега со негативен изглед поради глобалната пандемија, додека „Стандард и Пурс“ со ББ- со стабилен изглед.

И двете кредитни агенции, како резултат на Covid-19 кризата и проекциите за забавување на глобалната економија, предвидуваат контракција на економскиот резултат во 2020 година и опоравувавње, односно раст во 2021 година, со тоа што Фич проектира -4,2% за 2020 и 5,1% раст во 2021, додека „Стандард и Пурс“ -5% во 2020 и 3,8% во 2021 година.

Кредитните агенции ги нотираат мерките кои се преземени од страна на Владата  насочени кон зачувување на работните места, поддршка за најпогодените индустрии, како и меки регулаторни мерки. Како што се наведува и во двата извештаја мерките ќе придонесат за зголемување на буџетскиот дефицит и ќе влијаат на зголемување на државниот долг кој според проценките на кредитните агенции ќе се приближи до 50%. Заедно  со опоравувањето на економијата се предвидува и намалување и стабилизирање на буџетскиот дефицит.

Кредитни агенции го оценуваат банкарскиот сектор како стабилен исто како и домашната валута која има фиксен курс со еврото.

И двете агенции како позитивно го оценуваат зеленото светло од Европската унија за почеток на преговори што заедно со спроведувањето на реформи може значително да придонесе за развој на економијата.