ФК Беласица постои 100 години, а општина Струмица сеуште нема слух за помош

Во пресрет на новата тековна година и распределбата на финансиските дотации за помош на спортските клубови, претседателот на еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија, ФК Беласица, Славчо Васков Пинда апелира до општинските власти во Струмица за поголема финансиска помош за ФК Беласица, а со тоа и поголема можност за развој на млади фудбалери.

ФК Беласица постои 100 години, а општина Струмица сеуште нема слух за помош

Барам соодветена, рамноправна и принципиелна помош за еден од најстарите фудбалски клубови во Македонија. Лани прославивме 100 години од постоењето на струмичката гордост ФК Беласица. Играме исклучиво со најталентирани и најпреспективни млади струмички фудбалски играчи. И, сме можеби единствен тим и клуб во Македонија во чива сопственост на клубот е многу добар стадион и спортски центар. ФК Беласица е на горниот дел на табелата во втората лига со реална можност за влез во првата лига.

ФК Беласица постои 100 години, а општина Струмица сеуште нема слух за помош

Но, за да продолжиме достоинствено да ја преставуваме Струмица, потребна ни е поголема финансиска помош од општината. Еден Горан Пандев е произлезен од овој клуб. Во клубот има многу таленти и жално е да не успееме. Она што треба да се направи е сите општествени, бизнис и политички групи во Струмица да се обединат и застанат зад клубот кога станува збор за ФК Беласица. Овој клуб е национална и Струмичка гордост.

ФК Беласица е икона која свети 100 години.
Заслужуваме многу повеќе и многу подобро. Да живее ФК Беласица и наредни 100 години заклучува сопственикот на клубот Славчо Васков Пинда.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.