Флертувајте со стил!

Флертувањето е секогаш забавно, а мажите обожаваат кога жената ќе ги заведе. Многу жени сметаат дека е доволно да изгледаат супер, но всушност, едноставните ситници се работите кои проаѓаат кај поголемиот дел од мажите. Денес ви презентираме 8 видови заведување кои навистина функционираат!
1. Едноставност
Мажите сакаат кога девојката едноставно ќе пријде и ќе им каже: „Здраво!“. Многу мажи сакаат ког жената е директна и кога презема контрола, но сето тоа да биде на пријателски и духовит начин. Насмевка и едноставно прашање ќе го направат разговорот многу полесен.
2. Зезање
Заиграните и забавни девојки се интересни за секој маж. Мажите во своите друштва постојано се зафркаваат едни со други и на тој начин градат поврзаност и пријателство. Ако и девојката се однесува така, тоа ќе го воодушеви.


3. Пристапност
Девојките кои се пристапни, кои не се срамат да покажат дека се заинтересирани, добиваат голем плус кај мажите. Тие полесно ќе и пријдат на девојката која понекогаш ќе се одвои од своите пријателки и друштво. Седнете во негова близина и започнете разговор за лесни теми. Уште еден совет: Тие ја сакаат она игра на дамата во неволја, па доколку генерално сте силна и независна жена, пробајте да ја играте оваа улога за да видите како таа делува на машкиот род. Кога на жената и е потребна помош, мажот веднаш ќе долета затоа што на тој начин може да ужива во улогата на спасител.
4. Говорот на тело
Пријателскиот говор на тело е многу важен при флертувањето. Многу жени не сфаќаат дека понекогаш изгледаат луто и недостапно. Со положбата на телото покажете му дека сте заинтересирани, а рацете не смеете никако да ги држите прекрстени на градите, затоа што така делувате одбивно и одбранбено.
5. Насмевка
Кога ќе види дека девојката се забавува и се смее, мажот ќе посака да ја запознае и да стане дел од нејзиниот живот. Можеби звучи чудно, но насмевката за мажите е најсексипилната работа на женското тело.
6. Допирање
Суптилно допрете го неговото рамо, рака, колено или долниот дел од грбот. Мажите обожаваат допири, но само ако не се пренападни.
7. Слушање
Мажите сакаат кога ќе видат дека жената се интересира за нив и кога со интерес го слуша додека тој и зборува за својата работа или интереси.
8. Комплименти
Пофалете го неговиот изглед, прашајте го каде вежба… како и жените и мажите сакаат да добиваат комплименти, а кога веќе го фалите неговото тело, тоа ви дава совршена прилика и да го допрете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.