Флорида: Наставниците ќе можат да носат оружје во училница

Законодавната власт на Флорида одобри закон кој ќе им дозволува на наставниците да носат пиштол во училниците, како мерка за спречување ситуации како што беше смртоносниот оружен напад во средно училиште во Паркленд минатата година.
Парламентот на Флорида, кои го предводат републиканците, гласал со 65 гласови „за“, а 47 се изјасниле „против“.
Се очекува републиканскиот гувернер Рон ДеСантис да го потпише предлог законот.


Новата мерка ќе им овозможи на училиштата да учествуваат во волонтерската програма „Гардијан“, преку која ќе им се овозможи носење оружје на оние наставници кои ќе поминат 144 часа обука и доколку тоа го одобрат нивните локални училишни одбори. Наставниците кои сакаат да носат оружје ќе мораат да поминат обука со полиција и психолошка проценка.
Поранешен ученик на 14 февруари 2018 година влегол во средното училиште „Марџори Стонмен Даглас“ во Паркленд вооружен со полуавтоматска пушка и убил 17 лица , додека други 17 биле повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.