Флота на НАТО забележана за прв пат во Барнецовото Море по три децении

Флота на НАТО забележана за прв пат во Барнецовото Море по три децении

На социјалните мрежи се појавија фотографии од воени бродови на НАТО како пловат во Баренцовото Море, во близина на територијалните води на Русија.

На фотографите се американските разурнувачи „Портер“ и „Доналд Кук“, како и британскиот воен брод „Кент“. Во придружба и е брод за снабдување на воено-морските сили на САД.

Според командата на Шестата флота, целта на оваа пловидба на НАТО флотата во северните води е обезбедување на безбедноста над Северниот поларен круг.

Веднаш откако влегле во Баренцовото Море, кон фрегатите се насочил рускиот ракетен крстосувач „Маршал јустинов“. Според воените експерти, во вакви случаи по правило, покрај основно ударно пловило, Русите највероатно испратиле и подморница за следење на флотата на НАТО, но и воени ловци.

Треба да се одбележи дека ова е првпат после три децении кога НАТО бродови впловиле во Баренцовото Море.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.