ФН: НУТРИЦИОНИСТИТЕ ЗАГРИЖЕНИ – Груевски здебелен, можеби јаде на стрес

После последните слики на Никола Груевски како јаде во ресторан во Будимпешта Здружението на нутриционисти на Македонија се јави со своја реакција. Тие се загрижени за здравјето на експремиерот.
„Според сликите можеме да забележиме дека тој има покачено килажа што може да е знак на јадење под стрес. Зголемената килажа може да влијае негативно врз здравјето, а и стресот е еден од тивките убијци“ велат нутриционистите.
Тие му препорачуваат да избегнува ресторани каде што се служи пржена храна и да јаде повеќе овоше и зеленчук, а ако е во можност и да вози велосипед покрај Дунав и да слуша техно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.