Добри вести од Северна Македонија. Само неколку часа по промената на името во комплексот на клиники се роди и првото Северномакедонче, трето дете на Марија и Ѓорѓи од Козле. Другите две деца се Македонци.
„Како што реков, обезведивме иднина. Па затоа на првороденото Северномакедонче му подарив бугарски пасош и карта за Германија. За сигурна иднина“ изјави Заев.За раѓањето на првото плишано мече ќе почекаме
Екипата на Фчерашни им ја честита третата рожба на Марија и Ѓорѓи.
Извор: FN.mk