ФН: СЕ НАЈАВУВА НОВ ФЕСТИВАЛ: Осомничените пеат

Како што дознаваме од извори блиски на Кривичен суд 1 и Евросонг со очекува да се воспостави нов фестивал кој би го носел името „Осомничените пеат“. Досега иако нема официјална листа на учесници и познати се само неколку овој фестивал кај јавноста предизвика голем интерес.
„Се очекува победникот да ја претставува Македонија на Песна на Евровизија, но покрај оваа чест тој ќе добие и намалување на казната. Досега публиката реагира одлично, а се надеваме дека ќе има уште доста настапи“ сметаат организаторите.
Засега според обложувалниците фаворит за победник е припадникот на УБК Нинџа, но сеуште немаат настапено сите кои спремиле песна па за тоа кој ќе се закити со титулата останува да видиме.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.