вторник, 24 ноември 2026
Најново
Мислење

ФН: СКОПЈАНИ ЗАДОВОЛНИ СО НОВОГОД.ПРОГРАМА- Едвај чекаат да ги видат Парни Ваљак по 167-ми пат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Жителите на град Скопје се задоволни со изборот на Парни Ваљак да ги забавува на најлудата ноќ. Тие го одобруваат овој избор и се возбудени да го гледаат бендот по 167-ми пат.
„Одличен избор. Нешто ново, нешто свежо. Ова досега не се слушнало во Скопје можеби два месеци и сега ќе имаме прилика да се потсетиме на ноември“ коментираат скопјани.
Покрај Парни Ваљак на плоштадот граѓаните ќе ги забавува и градоначалникот Петре Шилегов кој ќе се обиде за најлудата ноќ да стигне до 2000-то ниво на Кенди Креш.

Поврзани вести