Фокус на состанокот во МНР: Пациентите и нивните семејства кои се враќаат од странство

На состанокот што се одржа во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, вниманието беше насочено кон логистичките и техничките аспекти на реинтеграција на пациентите кои успешно го поминаа болничкиот третман, како и на нивните семејства, за да може целиот процес да биде извршен во соодветно време и во добра координација. Состанокот го водеше шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, а присуствуваа министерот за здравство Арбен Таравари, Ивица Томовски како директор на Службата за општи и заеднички работи, Сашо Клековски од ФЗО, како и претставници на сите релевантни институции. Од Министерството за надворешни работи информираа дека координацијата меѓу различните сектори ќе продолжи и во иднина, додека состојбата на пациентите ќе биде внимателно следена. Сите институции ќе продолжат да работат усогласено и со највисоко ниво на одговорност, а јавноста ќе биде информирана за сите следни чекори. Сашо Клековски од Фондот за здравствено осигурување изјави дека протоколите за враќање на првите пациенти се очекуваат во понеделник, што најверојатно ќе се случи во втората половина на неделата. Во изработката на планот за враќање, рехабилитација и натамошен третман на пациентите помагаат и искусни тимови од Израел и Британија.
The post Фокус на состанокот во МНР: Пациентите и нивните семејства кои се враќаат од странство appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: