Фокус на утрешниот натпревар: Целиме кон победа!

Македонската фудбалска репрезентација утре попладне ќе ги започне квалификациите за Светското првенство 2026 година со натпревар во Вадуц, закажан за 15:00 часот. Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција зборуваше за претстојниот натпревар. „Тешко ми е да продолжам да зборувам за минатите настани. Сакам уште еднаш да упатам сочувство до засегнатите. Ве молам, да се фокусираме на прашањата поврзани со фудбалот, бидејќи ми е тешко да зборувам за било што друго. Сме тука за да ја продолжиме победничката серија и тоа ќе го постигнеме само ако влеземе во натпреварот со максимална посветеност. Ми дава задоволство подобрата форма на Елмас, Барди и другите кои сега играат почесто. Сепак, сакам да истакнам дека тие беа на потребното ниво и кога имаа помала минутажа во клубовите“, рече Милевски.
The post Фокус на утрешниот натпревар: Целиме кон победа! appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: