Фокус: Притворениците во затворот “Шутка” се во паника

Фокус: Притворениците во затворот “Шутка” се во паника

Веќе објавивме дека притвореникот кој почина во притвор бил заразен со КОРОНА ВИРУС.

ИТНО: Притвореникот од Шутка што почина бил позитивен на КОРОНА

По изјавата денеска на Филипче завладеа паника во Шутка. Тие се обратиле до ФОКУС.

-Ве молиме помогнете. Во затворот има повеќемина заболени. Цимерите на починатиот се префрлени во други ќелии, ќе не заразат сите, ни пиша притвореник од затворот.

На нашето прашање, дали некој од останатите има симптоми, притвореникот вели:

“70% сме со температура и кашлање, никој не не прегледува. Покрај притворените има и осуденици на кои им остануваат 10, 20 или 30 дена до издржување на казната ама не ги пуштаат, вели нашиот соговорник.

Во текот на денот ни пишаа и други притвореници кои велат дека изразувале бунт со тоа што сите биле на нозе и тропале и кршеле по ќелиите, а за утре најавуваат и штрајк со глад.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Наместо во самоизолација штипјанка била да си пазари во маркет