Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска од Скопје допатува во Приштина во рамки на нејзината балканска турнеја, порача дека Косово треба да го прифати нацртот за Заедницата на општини со Српско мнозинство, додека Србија мора да прифати де факто признавање на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
На заедничката конференција со косовската претседателка, Вјоса Османи, по нивната средба во претседателскиот кабинет, фон дер Лајен рече дека дијалогот меѓу Косово и Србија е единствениот пат на двете земји кон напредокот.
- Никој не ѝ верува колку години има: Дури и кога ќе ја покаже својата лична карта, луѓето се шокирани
- Google се сеќава што сте правеле со години: Еве како да ги избришете сите траги од вашите пребарувања
- Дали Рубио ќе ја напушти администрацијата на Трамп за да се подготви за кандидатура за Белата куќа во 2028 година?
- Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за изнуда: Истрага против група од Куманово, осомничен и нотар
- Крадци упаднале во продавница во Швајцарија, украле 30 електрични велосипеди во вредност од над 100.000 франци
- Муцунски: Бараме безбеден и предвидлив пат кон ЕУ, извештајот не е критика, туку насока
- СДСМ: Ниту едно од двете сценарија на Мицкоски за Алта банка не е одржливо
- Зеленски предложи зимско примирје со Русија за да можат да се одржат избори
- Кари ги предводеше Вориорс до победа против Хит, Феникс на крилата на Букер го победи Орландо
– Имаме нов инвестициски план и тој функционира многу добро. Ако функционира за земјите-членки на ЕУ, ќе функционира и за земјите од Западен Балкан. Овој план има потенцијал да го удвои вашиот приход во рок од една деценија. Сите овие успеси можат да се постигнат само доколку Косово и Србија ги нормализираат односите. Косово мора да го прифати нацртот за Заедницата, додека Србија мора да прифати де факто признавање. Ова е единствениот начин да се оди напред, изјави фон дер Лајен.
По средбата со Османи, фон дер Лајен беше примена од премиерот Албин Курти.
Претседателката на Европската комисија, која вчера во Скопје ја започна својата четиридневна турнеја низ Западен Балкан, по денешниот преестој во Косово, ќе ги посети и Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
Како што е најавено од Брисел, за време на посетата на главните градови на Западен Балкан, фон дер Лајен ќе ја претстави Инвестициската рамка за Западен Балкан, која е заедничка иницијатива на Европската Унија, финансиските институции и донаторите, насочена кон социо-економскиот развој и европската перспектива на земјите на Западен Балкан.
Инвестицискиот пакет планиран од Унијата за развој на регионот изнесува шест милијарди евра, од кои 2,1 милијарди евра грантови и четири милијарди евра кредити, со тоа што оваа помош за регионот ќе биде условена од степенот на спроведените реформи во секоја од земјите одделно.
Пронајдете не на следниве мрежи:



