Фон дер Лајен во среда во Скопје

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во среда ќе дојде во посета на Македонија како дел од нејзината турнеја во регионот на Западен Балкан.
Главната портпаролката на ЕК, Паула Пињо изјави дека Фон дер Лајен ќе има одвоени средби со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Западнобалканскиа турнеја, Фон дер Лајен ќе ја започне в понеделник од Тирана, а истиот ден ќе отпатува за Тиват од каде во вторник ќе отпатува за Сараево.
Во среда Фон дер Лајен ќе отпатува во Белград по што ќе замине за Приштина, а оттаму ќе пристигне во Скопје.
Турнејата ќе биде можност Фон дер Лајен да ја реафирмира поддршката на ЕУ за членство на земјите од регионот во Унијата и за нивниот постепен пристап до Единствениот европски пазар, како и да разговара за спроведувањето на Планот за раст на Западниот Балкан.

Пронајдете не на следниве мрежи: