Претседателката на Европската комисија и лидерот на Европската народна партија, Урсула фон дер Лајен и Манфред Вебер, отворено ја искажаа својата намера да ја соборат унгарската Влада и да инсталираат друга влада, обвини денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.„И тие исто така ги именуваа тие што би сакале да ги видат како идни лидери во, да ја наречеме, пријателската кон Брисел влада. Сето тоа бидејќи националната, суверената унгарска Влада не е добра за нив. И тие го кажаа тоа отворено“, изјави Орбан.„Јас отсекогаш мислев дека ова е тоа што тие го имаат во мислите, не треба да си добитник на Нобеловата награда за да го сфатиш тоа, но необично е тоа што тие отворено тоа и го кажаа в лице на Унгарија и му го обзнанија на свето“, рече унгарскиот премиер.„Наместо да се занимаваат со европските работи, тие сакаат да соборат Влада на земја членка и да ја заменат со друга влада. Првото и најважното е дека јас декларирав дека ќе се спротивставам на тоа, ќе се спротивставиме на планот на Брисел да инсталира влада во Унгарија. Што и да се случи, ние сме подготвени за конфликтот што доаѓа. Морам да направам тие да го сфатат тоа и тие ќе ја загубаат таа битка“, рече Орбан во гостување во подкаст.
Пронајдете не на следниве мрежи: