Европратеничката Виола фон Крамон, член на набљудувачката мисија на Европскиот парламент на изборите во Србија, изрази сомневање за регуларноста на изборниот процес.
„Сведоци сме на случаи на организирано однесување на гласачи од „Република Српска“ и заплашување на гласачи. Апсолутно очекувавме повисоки демократски стандарди од земја кандидат за ЕУ која преговара за членство во ЕУ. Потребен е меѓународен мониторинг и целосна истрага“, напиша Фон Крамон на Х (поранешен Твитер), пренесува Телеграфи.
Таа нагласи дека изборите поминале во нееднакви услови и се одвивале со чести нерегуларности на денот и пред изборите, меѓу кои, како што рече, злоупотреба на административни ресурси, купување гласови и нарушување на тајноста на гласањето.
I was member of the @Europarl_EN Election Observation Delegation in #Serbia 🇷🇸 where together with my colleagues have observed the snap national parliamentary elections.👇— Viola von Cramon 🇺🇦🇪🇺🇮🇱 (@ViolavonCramon) December 19, 2023
Вонредните парламентарни и локални избори во Србија се одржаа на 17 декември во 65 градови и општини, меѓу кои и Белград.
Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) оцени дека изборите биле обележани со сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавните средства, доминација на медиумите од страна на претседателот на државата Александар Вучиќ, негативна кампања и поттикнување страв.
Еден дел од опозицијата дури тврди дека победата на Српската напредна партија (СНС) на власт во Белград е резултат на изборна кражба и дека нема да ја признаат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.