По ескалацијата на Блискиот исток, Министерството за надворешни работи информира дека е формиран кризен штаб кој е достапен 24 часа за помош, поддршка или асистенција на македонските државјани.
Препораката до македонските државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја е внимателно да ги следат официјалните известувања на надлежните институции и строго да постапуваат согласно безбедносните протоколи. Воедно, се препорачува одложување на сите ненeопходни патувања кон земјите од овој регион сè до подобрување на безбедносната состојба.
Во случај на потреба од помош или дополнителни информации граѓаните може да се обратат на следните контакти:
Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, Тел: +389 75 273 732 / +389 75 268 736
Е-пошта: [email protected] .
Според информции од МНР, досега евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани.


