Формула за лесно пресметување: Кој СПФ фактор ми е потребен?

Без разлика дали сме на плажа, во град или на планина, сонцето во лето прави да се чувствуваме одлично. Сепак, неопходна ни е соодветна заштита за комплетно уживање.
Време е да ги разбиеме митовите од типот на „ако немам фактор 50, ќе спојам фактор 20 со фактор 30 и заштитата ќе биде подеднакво добра.“
За да не верувате во вакви заблуди, мора да бидете добро информирани.
Прво, важно е да знаете дека соодветниот СПФ фактор се одредува според типот на кожа, но и според тоа колку долго планирате да бидете изложени на сонце.
Има една формула за пресметување која ретко кој ја знае, а е екстремно корисна.
Пред да почнете со пресметување, важно е да знаете:
Ако вашата кожа е светла, а косата руса или светло кафеава, природната заштита на вашата кожа трае околу 10 минути.


Ако вашата кожа е со средно темен тен, а косата средно до темно кафеава, природната заштита на вашата кожа трае 15 минути.
Ако вашата кожа е темна, косата кафеава или црна, природната заштита на вашата кожа е околу 20 минути.
Според тоа, ако сакате да пресметате колку време може да поминете на сонце без несакани последици, треба да ја направите следнава математика:
Минутите според вашиот тип на кожа и коса (пример, светол тип – 10 минути) х Факторот кој го имате нанесено (СПФ 30) = 300 минути, односно 5 часа безбеден престој на сонце.
Сепак, не треба да заборавите дека препаратите за заштита од сонце се нанесуваат на секои 2 часа за максимална заштита.
Како да одредите кој СПФ фактор да го користите, ако знаете колку долго ќе останете на сонце?
Ако знаете дека во наредните 2 и половина часа ќе бидете изложени на сонце, односно 150 минути на пример, како да одредите колкав фактор да нанесете?
Постапката е обратна на претходната:
150 минути (времето колку престојувате на сонце) поделени со 10 минути (односно минутите според типот на кожа) = СПФ 15.
Колку крема количински треба да се користи?
Тука не треба да се штеди. Користете ги кремите за целото тело. Имајте на ум дека 35ml крема е доволно за да се покрие целото човечко тело на возрасна личност.
Првиот слој нанесете го 30 минути пред изложување на сонце, така што кремата ќе има време да се впие.
*** Изборот на препарати на нашиот пазар е огромен, па се надеваме дека оваа формула ќе ви помогне ова лето да го поминете без изгореници од сонце…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.