Фотка од Лепа Брена досега непозната за јавноста: Како изгледала како тинејџерка?

Лепа Брена во текот на својата долга и успешна кариера полнеше стадиони и концертни сали до последното место. Слета со хеликоптер, правеше шоу со музичарите на сцена и стана една од најголемите ѕвезди на сите времиња на овие простори.
Пејачката важи за неверојатно убава жена која со години се негува за да ја задржи својата убавина, но и за да изгледа младолико. Јавноста имаше можност да го следи нејзиното растење пред камерите, но воедно е запознаена со многу фотографии од нејзината младост.
Сепак, до сега скоро никаде не е објавена ниту една фотографија на која е Лепа Брена во тинејџерските години.


Брена тогаш не ни насетувала дека неколку години подоцна цела Југославија во еден глас ќе пее со неа и ќе го скандира нејзиното име. Очите и насмевката ги има задржано до денес, но и убавината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.