Жителите на пацифичките држави Самоа и Кирибати први зачекорија во 2025 година, а жителите на Американска Самоа, Хаваи и островот Хауланд последни ќе ја дочекаат Новата година.
Новата година пристигна и во Пекинг, Хонг Конг, Манила, Куала Лумпур, Сингапур…
Јапонија, Јужна и Северна Кореја го прославија влегувањето во новата 2025 година.
Со традиционален голем огномет над пристаништето во Сиднеј, Австралија го одбележа доаѓањето на новата 2025 година.
Огномет го осветли небото над Сиднејскиот пристанишен мост, следен од над милион луѓе.