(ФОТО+ВИДЕО) Едно лице загина, а четворица се повредени



На местото на несреќата дошол и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој посочил дека повредените се згрижени и нивните животи не се во опасност, како и дека сите патници во авионот се хрватски државјани

Мал спортски авион попладнево се урнал во шума во околина на Загреб, пренесува хрватски Индекс.

Според хрватската шумска служба за спасување, во несреќата едно лице загинало, а повредени се четворица патници. Во авионот имало пет лица.

Местото на авионската несреќа / Фото: Хрватска шумска служба за спасување

Како што известуваат хрватските медиуми, полицијата добила дојава за авионската несреќа во 15 часот и 51 минути. На повредените им била дадена медицинска помош, а местото на несреќата е обезбедено, информираат од полициската управа во Загреб.

Според неофицијални информации, се работи за спортски авион „Цесна“ со унгарски регистерски таблички.

На терен веднаш биле испратени припадници на државната интервентна единица за цивилна заштита на Загреб, екипи на полицијата, како и екипи на Итна медицинска помош и пожарникари.

На местото на несреќата дошол и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој посочил дека повредените се згрижени и нивните животи не се во опасност.

„Сите лица се хрватски државјани“,

рече Пленковиќ.

Со тоа, ги демантираше претходните информации дека се Унгарци.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: