Четворицата астронаути кои станаа првите лунарни истражувачи во 21 век се вратија на Земјата, спуштајќи се во Тихиот Океан по историско, рекордно патување од 700.237 милји.
Погледни ја објавата на InstagramA post shared by NASA Artemis (@nasaartemis)
Нуркачи од морнарицата, чамци и хеликоптери се приближија кон вселенската капсула Орион, во која беа Рид Вајсман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен, откако таа се нурна низ атмосферата со брзина од 24.664 милји на час и слета на целта во водата во 20:07 часот.
Погледни ја објавата на Instagram
„Ова е совршено спуштање за Интегритет“, рече коментаторот на НАСА, Роб Навијас, откако се отворија трите главни падобрани.
Погледни ја објавата на Instagram
Астронаутите се високо обучени да се справат со физичкиот и психолошкиот напор што го носи престојот во вселената, а иако можеби изгледа како тешко искуство, тие често велат дека тоа е врв на нивниот живот и дека би се вратиле повторно без двоумење. Пред слетувањето, Кристина Кох изјавила дека сите непријатности, како дехидрираната храна или недостигот од приватност, вредат за искуството.
Погледни ја објавата на Instagram
Веднаш по пристигнувањето тие беа прегледани од лекари на американскиот воен брод, по што со хеликоптер беа пренесени на копно, а потоа и во Вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон. Престојот во вселената е физички напорен, без гравитација се намалуваат мускулната и коскената маса, особено кај мускулите што го одржуваат држењето на телото. И покрај строгите вежби, овој процес не може целосно да се спречи, па за само две недели мускулната маса може да се намали и до 20 проценти.
Погледни ја објавата на Instagram




