Граѓаните на Ѓорче Петров имаат сериозен проблем со водоснабдувањето, паркинг простор и загаденост на воздухот!
ДУП-от наречен „Бетонски монструм“ кој предвидува нови 30тина згради со над 20 ката, 4000 станови и нови 10 илјади во општината сериозно ќе го наруши квалитетот на живеењето на ѓорчевци во нашата општина, велат ѓорчепетровци кои побараа суспензија на изградбата на висококатниците, но не и на училиштето и градинката.
– Од таа причина бараме суспензија за изградба на висококатници, не не и за изградба на училиште и градинка во општината. Максимално поддржуваме изградба на училиште и градинка. – велат граѓаните.