Откриена врската меѓу експлозијата пред хотелот на Трамп и масакрот во Њу Орлеанс
Два инциденти кои го потресоа јавноста – експлозијата на „Tesla Cybertrek“ пред хотелот на Трамп во Лас Вегас и масакрот во Њу Орлеанс – имаат заедничка точка: двете возила биле изнајмени преку агенцијата „Туро“.
Компанијата со седиште во Сан Франциско ја потврди информацијата:
„Во моментов немаме докази за поврзаност меѓу овие инциденти. Нашиот тим за доверба и безбедност активно соработува со истражните органи,“ соопштија од компанијата.
Тие истакнаа дека не можат целосно да го контролираат користењето на нивните возила:
„Не проверуваме детално кои лица користат изнајмени возила или кој е присутен во нив,“ додадоа од „Туро“.
„Туро“ располага со 360.000 автомобили и нуди возила од различни марки, вклучувајќи Tesla, Toyota и Porsche. Во 2020 година компанијата беше проценета на 1,5 милијарди долари, а според податоците, услугите ги користеле 3,7 милиони клиенти.
Сопственикот на Tesla, Илон Маск, изјави дека експлозијата во Лас Вегас била резултат на бомба поставена во автомобилот. Возачот загинал на местото, а седум лица биле повредени.
На својата социјална мрежа Х (поранешен Твитер), Маск сугерираше дека инцидентот би можел да биде „поврзан на некој начин“ со нападот во Њу Орлеанс, каде што возило управувано од Шамсуд-Дин Џабар уби најмалку 15 луѓе.
Претседателот на САД, Џо Бајден, за време на прес-конференцијата во средата, изјави дека се истражува можната поврзаност помеѓу двата трагични настани.
Овие инциденти остануваат предмет на интензивна истрага, а јавноста со нетрпение очекува нови информации.
Appears likely to be an act of terrorism.
Both this Cybertruck and the F-150 suicide bomb in New Orleans were rented from Turo. Perhaps they are linked in some way. https://t.co/MM6ehJO3SG
— Elon Musk (@elonmusk) January 1, 2025