(Фото+видео) Сѐ уште е активен пожарот кај Зеленград: Населението предупредува дека пожарот се шири кон викенд населбата Пониква!

Пожарот кај Зеленград, помеѓу Пробиштип и Кочани, се движи кон викенд населбата Пониква, јавуваат читатели на Инфомакс.

Како што велат луѓето од терен, на социјалните мрежи се бара помош од доброволци, бидејќи теренот е прилично непристапен, а засега нема воздушна поддршка.

Дека пожарот е активен потврди и последниот извештај на ЦУК.

Во продолжение погледнете го видеото од пожарот.

ЛИНК од видеото

Пронајдете не на следниве мрежи: