Фотографии кои ja раскажуваат приказната за страдањата од војната во Украина

Минатата недела во галеријата Мала Станица беше отворена изложбата „Украина: Воено Злосторство“. Се работи за изложба на која се селектирани фотографиите на 93 фоторепортери од целиот свет, кои нудат трогателен доказ за тековната борба во Украина. Изложбата е изведена од истоимената книга објавена од Foto Evidence од уметничкиот директор, фотографката Светлана Бачеванова од Бугарија, со над 360 фотографии и сведочења, кои фрлаат светло на руската инвазија. Фотографиите ја раскажуваат приказната за војната во Украина и во исто време се доказ за воените злосторства кои секојдневно се случуваат. Сите лица на војната прикажани низ фотографскиот објектив, ја носат личната приказна на нејзините жртви и колективната приказна на земјата зафатена од војна.

-Сакавме да продолжиме да зборуваме за војната во Украина. Иако таа повеќе не е централна тема во вестите, сепак луѓе таму умираат таму секој ден и ова е уште еден начин да ги потсетиме луѓето дека во центарот на Европа има војна која ќе ги смени дури и нашите животи. Ова не е само војна меѓу Русија и Украина, туку борба помеѓу добро и лошо, темнина и светлина, демократија и диктатура. Едноставно прикажуваме како навистина изгледа светот. Бидејќи луѓето не можат да го видат сето тоа на медиумите, ќе видат нешто за секунда, ја немаат шансата да прочитаат и да видат што се случува. Ние затоа го нудиме ова – вели Светлана Бачеванова.

Светлана Бачеванова

Екстемно беше тешко, вели таа да се направи селекција на изложените фотографии. Меѓу селектиранте има 4 добитници на Пулицер и неколку добитници на награди на World Press Photo, потоа Роберт Капа и силни етаблирани фото репортери со сериозни приказни.

-Решивме да пробаме да ги имаме најважните работи кои се случуваат. И секако имавме консултација со украински едитор во однос на нивно гледиште. Пробавме да направиме слика само за Украинците.  Изложбата ја раскажува приказната за војната во Украина и исто така е колекција од фотографии кои го документираат криминалот на војна извршена над Украинците од страна на Русите, вели Светлана.

Кристофер Окиконе

Фотографиите се изложени во три простории на галеријата. Во првата просторија се прикажани фотографиите кои го покажуваат почетокот на војната, во втората текот на војната, а во третата просторија фотографиите кои ги покажуваат последиците од воениот конфликт. Целта на изложбата е да се отиде чекор подалеку од она што се прикажува на медиумите.

Фоторепортерите секојдневно ги ризикуваат своите животи за да ги доловат ужасите на војната, обезбедувајќи редок увид во човечката цена на конфликтот. Еден од тие фоторепортери е фриленсерот Кристофер Окиконе чии фотографии од војната во Украина се објавени во неколку светски магазини. Која е етичката димензија на фотографирањето во услови на војна и масовно страдање и дали постојат правила, пишани и непишани? Правилниот пат е да имате разбирање и емпатија вели Кристофер.

-На сликите кои ги гледате овде можете да видите мртви цивили. Сум фотографирал мрви и ранети војници исто така често во мојата работа. Сакате да им ги фотографирате лицата на сите нив затоа што тоа има поголем ефект и сакате да знаете кои се тие, да имате повеќе информации, но не морате сето тоа да го обајвите веднаш. Тоа е вашиот избор. Мислам дека дека треба да се фотографира сето ова. Заради архивите, заради документирање на воените злосторства и може да се објави откако семејствата ќе знаат за нивната загуба. Не мора од нив да барате согласност, но мислам дека е правлно ако побарате- вели Кристофер.

Оваа војна, раскажува Кристофер е поразлична од останатите. Третманот на цивили е особено брутален. За време на окупацијата, вели тој ќе го видите на фотографиите она што се случувало Буча, каде буквално ги напаѓаат и ги убиваат оние кои се обидуваат да избегаат. Има многу сведочења за силувања. А Кристофер раскажува и за приказните од линијата на фронот.

-Русите имаат супериорност во наоружувањето, се движат бавно но пуштаа многу војници буквално да бидат убиени на таа прва линија на фронтот. Како да имаа неграничени ресурси на војска што Украина ги нема. Потоа може да видите напредна воена технологија како дронови. Само годинава 80 до 90 отсто од повредите на правата линија на фронот се од дронови. Ја гледате формата на војната како се менува- вели Кристофер.

Она што е исто, објаснува тој е страдањето на цивилите Војната ги менува луѓето. Оние кои живеат во неа, но и оние кои работата во услови на војна.

-Тешко е да се спие понекогаш. Имате слики во главата и повторно ги преживувате одново истите работи. Во Киев каде јас живеам имате периоди на ракетни напади, но споредбено со првите линии на фронтот тоа е ништо. Одам на првите линии на фронот какде работам на книга за болнците на првата линија на фронот и таму гладам страшни работи. Пороа се враќам во Киев, ги гледам фотографиите и си викам што се видов. И имате време да го рефлектирате сето тоа. И да вознемирувачки е. И овие слики овде се вознемирувачки. Пример сликите од Буча кои и јас ги чувствувам длабоко, но ако имате причина за тоа што го работите, ве прави сето ова тажен и депресивен но имате причина да го прави тоа што го правите и тоа ве движи напред и ви дава сила на позитивен начин- вели Кристофер.

Оваа изложба, претставена од FotoEvidence и поддржана од Фондациите отворено општество – Западен Балкан, не е само одраз на настаните од минатото, туку и светилник на надеж за дијалог, емпатија и поддршка за стремежот на Украина за правда и исцелување.

Изложбата пред да пристигне во Скопје беше прикажана во Тирана и во Приштина

Пронајдете не на следниве мрежи: