Фотографии на осомничените за нападот во Бостон

Фотографиите на двајцата мажи осомничени за нападите во Бостон беа ставени на веб страната на ФБИ.
Федералната полиција објави фотографии и видео снимки на двајцата осомничени во атентатот извршен за време на Бостонскиот маратон во понеделникот, повикувајќи ги граѓаните да ги обезбедат сите можни информации за двајцата мажи, според Хина.
Тие се сметаат за “вооружени и опасени”, предупреди ФБИ агентот Рик Деслауриерс на прес-конференција.
“Денес ние ја повикуваме јавноста да помогне да се идентификуваат двајцата осомничени. По многу прецизната анализа на фотографиите, видеата и другите показатели, ги објавуваме нивните фотографии”, објаснува тој.
Тој додаде дека верува дека двајцата осомничени соработувале, бидејќи снимката покажува дека се движеле заедно кон целта на маратонот, во близина на кој во понеделникот двете бомби експлодираа, рече тој.
“Ние сме заинтересирани за било какви информации, без оглед колку се тие безначајни. Секој елемент не носи поблиску до правдата”, додаде тој.
Фотографиите на двајцата мажи осомничени за нападите во Бостон беа ставени на веб страната на ФБИ.

Пронајдете не на следниве мрежи: